-->
-->
Во струмичко откупени 1.500 тони тутун
-->
Во изминатите триесет дена од годинашната откупна сезона во струмичко се откупени околу 1.500 тони тутун, или 50 отсто од реколтата од 2015 година.
Според претседателот на Групацијата за тутун, Никола Стаменов, откупот на тутунот во струмичко се одвива според планираната динамика и без значителни проблеми.
- Дневно на дваесетте откупни пункта се откупуваат по над 50 тони тутун и според нашите согледувања се врши реална проценка на квалитетот, согласно утврдените мустри. И во струмичко просечната цена за килограм тутун е 175 денари, просек кој до крајот на откупот сигурно ќе се зголеми, изјави Стаменов.
Во текот на откупот забележан е само еден случај на барање за проценка на тутунот од Второстепена комисија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сибиха: На Украина ѝ се потребни воени и дипломатски гаранции
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор