Во Струмичкиот и Радовишкиот регион завршува гласањето на болните и затворениците
Во општините Струмица, Радовиш, Босилово, Василево, Конче и Ново Село денес гласаат вкупно 867 болни и изнемоштени лица, што во споредба со првиот круг на гласање е за 292 повеќе пријавени граѓани. Гласањето за претседателските и предвремените избори за градоначалник во општина Ново Село поминува мирно.
Според информации од општинските изборни комисии, скоро секаде гласањето е завршено освен во Василево каде се чека гласачкиот материјал од едно село.
Најмногу болни и изнемоштени гласачи има пријавено во Ново Село-285, а најмалку во општина Конче само 11.
Гласањето тече и во Затворот во Струмица, каде има пријавено 85 затвореници со право на глас од 15 општини во земјава.
Во шесте општини од регинот има запишано 110.168 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на вкупно 192 избирачки места.
Во општина Ново Село за претседателските избори се запишани 11.301 гласачи, а за предвремените избори за градоначалник 11.365. Разликата во бројот на запишаните избирачи во избирачкиот список во Општинската изборна комисија ја објаснуваат со тоа што на изборите за градоначалник не гласаат граѓаните пријавени за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, кои имаат право да гласаат само за избор на претседател.
Ново на Сител
-
Д Фестивал годинава со хуман карактер за настраданите во кочанската дискотека
-
Преглед на вестите од светот
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци