Во Струмица почнуваат Денови со Митко Маџунков
Во Струмица денеска почнува дводневната манифестација Денови со Митко Маџунков.
На пладне во Стариот струмички театар ќе има реч на Митко Маџунков на тема, Театарот и градот.
Вечерва во 19 часот во фоајето на НУКЦ “Антон Панов во Струмица ќе се одржи промоција на двете книги со драми од собраните дела на Митко Маџунков.
Програмата продолжува в сабота со мини симпозиум за драмското творештво на Маџунков на која ќе настапат дваесетина учесници мему кои Бранко Ставрев, Санде Стојчевски, Блаже Миневски, Горан Тренчовски, Мерсиха Исмајлоска, Виолета Танчева-Златева, Ана Витанова-Рингачева, Драгана Евтимова, Трајче Бјадов, Мите Грозданов, Борче Грозданов, Ацо Гогов.
Роден струмичанец, Маџунков гимназија завршил во Струмица, а Филолошки факултет во Белград. Како автор се најавува кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години и тоа со раскази.
Подоцна ќе се најави и како романсиер, а веќе во осумдесеттите години ќе ги напише и своите први драми. Кај повеќето драми на Митко Маџунков постои една тесна врска со неговата проза затоа што повеќето негови драми се базираат врз некои негови претходно објавени раскази.
Како автор Маџунков прави своевидна транспозиција на неговата проза во драми покажувајќи дека творечката алхемија е над строгите книжевни родови. И што е специфично за него како драмски автор, во своите први драми го воведува локалниот говор, струмичкиот дијалект, инсистирајќи на тоа дека тој говор не е само говор за терање шеги, ами исто така е материјал за создавање на естетски издржани дела.
Останува во сеќавање изведбата на неговата прва драма „Големиот смок“, во далечните осумдесетти години, на сцената на струмичкиот театар, време кое ќе биде запаметено по преполнетите театарски сали, а и по репликите од истата претстава кои многу гледачи ќе ги знаат наизуст. Оваа претстава, како и другите две претстави кои ќе следат, претставите „Сенката“ и „Пуста земја“” ќе бидат театарско крштевање на Маџунков како драматург и тоа токму во неговиот град, таму каде што тој, впрочем и ги видел првите театарски претстави.
Токму и поради тоа оваа година манифестацијата која се одржува во негова чест како своја тематска рамка ги има неговите драми како и театарот кој настанал преку тие драми, велат организаторите.
Научни работници, режисери, актери, писатели, сите заедно ќе проговорат за особеностите на неговото драмско писмо. Можност за вкрстување на гледиштата, но и можност за нови сознанија за драматургијата на Маџунков.
Деновите на Маџунков се одржуваат по втор пат.
Ново на Сител
-
Барак: Планот на Трамп за Газа е „фантазија“
-
Три лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетник
-
Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, со услови за магла во котлините
-
Повреден 57-годишен маж од Тетово, излетал од пат со четирицикл
-
Уапсен скопјанец на бензинска пумпа пред Куманово, пронајден пиштол
-
Почина пешак во Струмица откако го прегазил камион
-
Физички инцидент меѓу двајца лекари во Клиничката болница - Штип
-
Истрага за поткуп во СОЗР, побаран притвор за поранешниот директор