Во Струмица отворена изложбата „И децата се прашуваат“
Во Домот на АРМ во Струмица денеска беше отворена изложбата „И децата се прашуваат“ во организација на Центарот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.
Станува збор за ликовни творби кои ги доставиле учениците од основните училишта. Раководителката на Центарот, Светлана Мазгалова Вучетиќ вели дека со ова завршуваат одбележувањата на Неделата на детето.
- Нашите активности почнаа со цртање на асфалт и со приемот на првачињата. Ги заокружуваме со оваа изложба. На конкурсот кој го објавивме, баравме не само ликовни, туку и литературни творби. Мотото на годинешниот конкурс беше „И децата се прашуваат“. Тие токму низ сликите и низ литературните творби донесоа одговори и креативни решенија. Конкурсот има и награден фонд, за најдобрите ликовни односно литературни дела, објасни Вучетиќ.
Според неа, за најдобрите одлучувале тимови на професори познати и истакнати познавачи во секоја област. Центарот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ во рамки на своите активности организира повеќе активности со цел на активирање и поголема ангажираност на младите во општествените живеења, преку нивна креативна изразност во повеќето видови уметност.
Ново на Сител
-
Рение: ЕК нема намера да забрани ниту една онлајн платформа
-
Протест и во Нови Сад поради газењето студентка за време на блокада во Белград
-
УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
-
Што ако најубавите нешта во животот веќе ги имате, но не ги гледате?
-
На големот христијански празник Богојавление, Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика, досега пријавени над 100 верници
-
Исчезната 71 годишна велешанка
-
Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, одбиена жалбата на СДСМ
-
Во Грција едно од двете седишта на европската програма за безбедни сателитска телекомуникации GOVSATCOM