Во Струмица одбележан празникот Мала Богородица, гостин грчкиот владика Дамаскин

Со празнични литургии во манастирот посветен на Воведението на Пресвета Богородица Елеуса во селото Вељуса и Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица, синоќа и денеска се одбележа големиот христијански празник, денот на раѓањето на мајката Божја.

На празничната вечерна богослужба во Струмица гостин беше грчкиот владика Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли, кој заедно со Митрополитот струмички Наум и викарниот Епископ Стобиски Јаков служеа вечерна богослужба во чест на раѓањето на Пресвета Богородица.
На денешната, утринска, Архиерејска литургија што се одржа во Манастирот „Свети Леонтиј“ во Водоча чиноначалствуваше владиката Дамаскин, кој во Струмица ги донесе на поклонение моштите на великиот отец на црквата, Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит.
Ново на Сител
-

Уапсен Романец на ГП Делчево, поседувал две тегли марихуана и ЛСД
-

Врвниот невролог од Белград проф. д-р Владимир Костиќ стана визитинг професор во Скопје - Придобивка за студентите по медицина на УКИМ
-

Акциска контрола на товарни возила – 25 возила исклучени од сообраќај
-

Николоски: Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват - Скопје
-

Алкалоид и Прилеп за старт на 9. коло од Супер лигата, дербито се игра во недела
-

Ф1: 13.000 смртни закани на адреса на Гасли
-

Зверев од понеделник прв пат во кариерата на чело на АТП ранг-листата
-

Анчелоти не запира со подмладувањето, повика 15 фудбалери помлади од 23 години
