Во Струга излезеност од 30 отсто до 17 часот, во Вевчани 26,5

Скоро 30 отсто е излезеноста во општина Струга до 17 часот, а во Вевчани 26,5 проценти, информираат општинските изборни комисии.
Претседателот на ОИК Струга Бледар Зиба појасни дека од регистрирани 60.169 гласачи во Избирачкиот список гласале 17.617 лица или 29,29 отсто.
Според него, денот поминал мирно, освен ситни нерегуларности претпладнето. Полицијата денеска информираше за фотографирање со мобилен телефон од тераса во зграда во близина на избирачко место во основното училиште „Браќа Миладиновци“, како и поставен транспарент во близина на избирачко место во селото Мислешево.
Во Вевчани до 17 часот гласале 541 лице од регистрирани 2.038 вевчанци пријавени во Избирачкиот список
- Референдумскиот ден во Вевчани поминува одлично во мирна атмосфера. Досега не се забалежани проблеми на трите избирачки места во општината, се се одвива во најдобар ред, изјави претседателката на Општинската изборна комисија во Вевчани Параскева Гогоска – Кукоска.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
