Во Србија во криминал се над 7.000 тинејџери
Бројот на малолетни лица кои биле во судир со законите во Србија во изминатите пет години се мери со илјадници, а речиси 10.000 од нив, според Заводот за статистика, добиле воспитни мерки или затвор за малолетници, објавија „Новости“.
Дури 40 завршиле зад решетки поради тешки кривични дела, од кои 10 минатата година.
Според податоците на Републичкото јавно обвинителство минатата година, полицијата регистрирала повеќе од 7.000 сторители на кривични дела на возраст под 18 години, од кои 19 проценти немаат ниту 14 години.
Дури 1.416 тинејџери добиле воспитни мерки, а 172 од нив биле испратени во поправни институции. Бројот на убиства кај младите е во пораст, а за петтина има регистрирано повеќе кражби, разбојништва и имотни деликти во споредба со претходната година.
Министерот за полиција Небојша Стефановиќ најави дека Министерството за внатрешни работи ќе му предложи на Министерството за правда да ја заостри казнената политика или да најде друго решение по углед на ЕУ.
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор