Во Србија уште четири смртни случаи и 89 новозаразени со Ковид-19
![]()
Србија досега има евидентирано 10.032 заразени лица со коронавирус, 213 починати и 2.732 излекувани граѓани.
Од вирусот во изминатите 24 часа починати се четири лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 213 граѓани, соопштија на владиниот сајт ковид.рс.
Во изминатите 24 часа, тестирани се 5.728 лица, од кои позитивни на вирусот се 89 граѓани или 1,55 отсто од тестираните.
Вкупно кај 10.032 лица е потврден случај на коронавирус, а излекувани се 2.732 пациенти.
Вкупно во Србија досега тестирани се 134.533 граѓани.
Според денешните податоци, најмногу новозаболени има во Лесковац (20), Белград (19) и Ниш (6).
Се намалува и бројот на хоспитализирани во ковид болниците и во привремените центри, во кои заклучно со денеска има 1.437 пациенти, од кои со влошена клиничка слика и на респиратор се 43 лица.
Во Србија, со укинување на вонредната состојба од вчера повеќе нема полициски час и забрана за движење. Но, остануваат вонредните мерки, бидејќи и понатаму на сила е прогласена епидемија од посебно значење.
Владата со соопштение ги потсети граѓаните дека и понатаму имаат обврска да ги почитуваат заштитните мерки се додека трае опасноста од ширењето на вирусот.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
