Во Србија уапсени 49 лица поради корупција
Припадници на српското Министерство за внатрешни работи денеска уапсија 49 лица осомничени за повеќе корупциски дела, а пред се за злоупотреба на службената положба во државните органи, а по две лица е започната интензивна потрага.
Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека против 25 луѓе полицијата поднела кривични пријави во редовна постапка.
- Сите овие лица од 2007 година досега извршиле повеќе кривични дела и го оштетиле буџетот на Србија, повеќе стопански субјекти и физички лица во износ од околу 7,6 милиони евра, истакна Стефановиќ.
Тој нагласи дека меѓу уапсените, во повеќе градови во Србија, се наоѓаат раководители вработени во Даночната управа при Министерството за финансии, некогашното Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање, функционери на локални самоуправи, јавни претпријатија, Патишта на Србија, Српски пошти, ЕлектроКосмет, како и 12 сообраќајни полицајци.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико