Во Србија сите заразени мораат во болници, нема веќе лекување во домашни услови

Српското Министерството за здравство и институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ проследија до локалните самоуправи инструкции, со кои се наложува дека сите заразени лица со коронавирус мора да се да се лекуваат во ковид болниците или во импровизираните болници (карантитни) во Белград, Ниш и Нови Сад, како и дека повеќе нема да има лекување во домашни услови, изјавија од министерството.
До сега, пациенти кои немаа симптоми на болеста или имаа лесна клиничка слика беа третирани дома.
-Тоа, според одлуката на Владата, се однесува на сите оние кои се дијагностицирани со Ковид-19. Причината за носење ваква значајна одлука е двојна: прво, пациентите со докажан Ковид-19 во домовите можат да ја шират инфекцијата кај членовите на семејството и околината, и втората е непредвидливоста на самата болест, затоа што дури и кај пациенти со лесни симптоми, болеста може да ескалира, односно да дојде до влошување што може да го загрози животот на пациентот, објасни директорката на Батут, д-р Верица Јовановиќ.
Со одлука на Владата на Србија, сите позитивни пациенти на Ковид-19 ќе бидат лекувани во болници, оние без симптоми или со блага клиничка слика во привремените болници, а тие со потешка клиничка слика во Ковид-болниците.
Во Србија досега во функција се ставени три импровизирани болници за пациентите со лесна клиничка слика на Ковид-19. На Белградскиот саем кој има капацитет од 3000 легла досега се сместени 88 лица, на Новосадски саем со 1000 кревети има 38 пациенти и спортската сала Чаир во Ниш со 256 кревети има 14 пациенти.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
