Во Србија родено бебе од 350 грама

Во белградската Гинеколошко-акушерска клиника „Народен фронт" пред три недели беше родено девојче од 350 грама, кое е најмало новороденче што преживеало во Србија, пишува „Блиц".
Според директорката на ГАК, проф. д-р Снежана Ракиќ, здравствената состојба на бебето е добра. Девојчето е родено во 28-та недела.
- Застој во растот е доста редок случај, и се јавува поради бројни причини, а најчесто тоа е хипертензија, промена на постелката или генетски аномалии. Кај ова бебе се јави многу тежок застој. Бебињата се толкави обично под 20-та недела. Во 28-та недела, бебето треба да биде потешко од еден килограм, објаснува Ракиќ.
Ова е најмалото бебе родено во Србија, а досегашниот рекорд го држеше Вук, кој се роди истата болница во 24-та недела, а имаше само 470 грама. Вук денес има пет години.
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
