Во Србија по трагедиите во мај 1.397 луѓе добиле психолошка помош
Во извештајот на српската владина работна група за ментално здравје и безбедност на младите и на тимот на Институтот за ментално здравје се наведува дека минатата година заклучно со декември 1.397 лица добиле психолошка помош.
Работната група и проектниот тим беа формирани по трагедиите во основното училиште „Владислав Рибникар“, во Дубона и во Мало Орашје, а во текот на осум месеци беше пружена психолошка помош и поддршка во сите училишта каде што одеа жртвите од мајските трагедии и на вработените во училиштето во Врачар.
Психологот од Институтот за ментално здравје и член на работната група, Хана Кориќ за весникот „Политика“ изјави дека настаните од мај минатата година претставуваат трауматични искуства без преседан.
– Последиците од тие убиства се долготрајни и, како концентрични кругови, влијаат на пошироката општествена заедница, истакна Кораќ.
Таа предупреди дека е многу опасно јавно да се објавуваат сите информации поврзани со настанот, бидејќи „само мал број луѓе можат да ги разберат и да ги издржат сите информации, да ја доведуваат во прашање точноста, да бидат неутрални и неполаризирани“.
– Поставувањето на приказните и фотографиите на убијците на насловните страници на весниците може да предизвика ретрауматизација кај некои луѓе, но и да доведе до „зараза“, од што најмногу се плаши професијата, ситуации кои носат ризик да се повтори настанот на одбележување на годишнини.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри