Во Србија од идната година ќе се плаќа данок за возила сразмерно со пазарната вредност
– Од 1 јануари 2022 година во Србија се воведува плаќање данок за користење моторни возила сразмерно на економската моќ, односно пазарната вредност на автомобилите, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Бранислав Недимовиќ, презентирајќи ги измените во Законот за даноците на користење, држење и превоз на стоки.
„Мислам дека овој закон ќе наиде на големо одобрување. Најголема е интервенцијата кај патничките и другите возила кои се на возраст од пет до 20 години и имаат повеќе од 2.000 кубици. Тие ќе плаќаат помал данок при регистрација“, рече Недимовиќ.
Според него, во моментов данокот за користење на моторни возила, што се плаќа при регистрација, е намален за сите возила по старост за 15, 25 или 40 отсто.
„Сега се предлага да се зголеми процентот на намалување“, рече Недимовиќ.
Гледано по категории, за возилата од пет до осум години намалувањето на данокот ќе биде 25 отсто, наместо досегашните 15 отсто, потоа за возилата од осум до 10 години намалувањето од 25 отсто оди на 40 отсто, а за возилата од 10 до 20 години намалувањето ќе биде 65 отсто наместо досегашните 40 отсто, рече српскиот министер.
Ново на Сител
-
Лејди Гага и Мајкл Полански планираат „скромна“ свадба
-
Прилеп - Градско и Ранковце - Крива Паланка готови до Нова година
-
Николоски: Поголемиот дел од автопатот Охрид - Кичево во функција до лето
-
Таравари: Утре првични информации за починатата родилка во Куманово
-
Болница Плодност: Со неверување ја примивме веста за прерано загинатите колеги, сочувство до семејствата
-
Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога