Во Србија од денеска повторно се отвораат трговските центри
Затворените и отворените трговски центри во Србија, од денеска повторно ќе можат да работат од 6 до 22 часот, се наведува во соопштението од Министерството за здравство на таа земја.
Прецизирано е дека во нивната работа, и натаму не смеат да работат угостителските објекти кои се во нивен склоп, но на нив им е овозможена шалтерска продажба на храна и пијалоци.
Во наредбата, покрај останатот, се вели дека управувачот на објектот е должен да обезбеди пред шалтерот за продажба на храна и пихалоци да не се собираат голем број на лица, и помеѓу нив постои дистанца од најмалку два метра.
На влезовите мора видно да бидат истакнати корисни површини на целиот објект, односно просторот и број на личност кои може да бидат во него, како и обврска на посетителите да носат заштитна маска.
Заедничките простории мора на секој час да се дезинфицираат. Мора да има корона-редар кој е одговорен за почитување на мерките за носење на маски, а ако објектот има повеќе влезови и излези и има повеќе катови и поголема површина, мора да има повеќе ковид редари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
