Во Србија формирана Обединета опозиција
Како што најавија пред шест дена членките на коалицијата Сојуз за Србија (СзС), кои кои ги бојкотираа парламентарните избори, од денеска своето заедничко опозициско дејствување го продолжуваат преку Обединетата опозиција на Србија.
Одлуката за формирање на Обединетата опозиција денеска ја потпишаа 12 политички субјекти, меѓу кои се Демократска партија (ДС) на Зоран Лутовац, Партијата за слобода и правда (ССП) на Драган Ѓилас, Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ, Граѓанската платформа, Демократска зедница на унгарците од Војводина, Државотворното движење на Србија, Народното движење на србите од Косово „Татковина“, Движењето за промени, Движење слободна Србија, Сојузот на синдикатите на Србија „Слога“, Шумадискиот регион и поранешниот пратеник Ѓорѓе Вукадиновиќ.
На Обединетатат опозција на Србија не му пристапи движењето Двери на Бошко Обрадовиќ, кои изразија „взаемна подготвеност за соработка во борбата за слободни медиуми, регуларни изборни услови и обновување на демократијата во Србија“.
Јанко Веселиновиќ од Движењето за промени денеска изјави дека Обединетата опозиција имаат две заеднички работи – никој никогаш не соработувал со режимот на Александар Вучиќ и го почитувале Договорот со народот, поради што не излегоа на „лажните избори“.
– Денешната одлука е продолжение на соработката на овие политички организации со многу јасни цели, изјави Веселиновиќ.
Претставувајќи ја одлуката за формирање на Обединетата опозиција, тој посочи дека „Србија не е слободна земја“, односно дека „по лажните избори кои народот и опозицијата заедно ги бојкотираа, Србија станала единствената земја во Европа, која нема ниту легитимно собрание ниту влада“.
– Граѓаните денес се животно загрозени, уценети, уништени се институциите, а медиумите се заробени.
Длабоко свесни за обемот на економската и социјалната пропаст, решивме да ја формираме Обединетата опозиција на Србија со само една цел – да го смениме нестручниот, арогантниот, корумпиран режим заснован врз самоволието на еден човек и градење на демократско и слободно општество за кое ќе се бориме и ќе се избориме со сите расположиви средства на ненасилна политичка борба, која ги вклучува сите форми на граѓанска непослушност, наведе Веселиновиќ.
Тој додаде дека „свесни се за идеолошките разлики“, но оти ќе се борат за воспоставување на слободно општество и демократски поредок.
– Ги повикуваме сите политички организации кои споделуваат исти идеи и кои досега се однесувале на сличен начин во борбата против режимот на Александар Вучиќ, во наредниот период да ни се придружат, како политички партии, движења, синдикати, така и поединци, потенцира Веселиновиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со професор Методи Хаџи Јанев
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел
-
Борисов бара оставка од Николовски или крај на разговорите со Македонија
-
Албанските партии нема да седат мирни по укинувањето на балансерот, се најавуваат закони за правична застапеност
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од западно-нилска треска
-
Дефицитот од докторски кадар во ЈЗУ ќе се надоместува со приватни специјализанти
-
СДСМ: Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани