Во Србија денеска генерален штрајк на кој повикаа студентите
Во Србија денеска почнува генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“, на кој граѓаните ги повикаа студентите што организираат блокада.
„Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневните обврски. Ја земаме слободата во свои раце. Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите на Инстаграм.
Поддршка на акцијата најавија бројни компании, здруженија и политички партии.
Најавено е дека во 11:52 часот на повеќе локации во Србија ќе има оддавање почит за загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад, по што ќе се одржи генерален штрајк, јави Бета.
За денеска во 14 часот е закажан протест во организација на Протестниот одбор на адвокатите пред зградата на Претседателството на Србија.
Коалицијата за слобода на медиумите ја поддржа акцијата за генерален штрајк и ги повика членовите на таа организација да се приклучат.
Генерален штрајк прогласи и Републичкиот синдикат на културата, а претходно на истиот чекор презедоа адвокатите и наставниците. На штрајкот ќе се приклучат и вработени во културата, поединечни културни институции, библиотеки, претставници на невладиниот сектор, угостители, претприемачи, кина…
Организаторите истакнуваат дека ова нема да биде генерален штрајк во вистинска смисла на зборот, но форма на граѓанска непослушност и еден вид солидарен штрајк.
Претседателот на Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија, Душан Кокот, на 20 јануари прогласи генерален штрајк во училиштата, а на прекинот на работата се приклучија и адвокатите.
Вратите ќе ги затвори и Историскиот архив на Белград, додека бројни театри во Србија ја прекинаа својата програма.
Повикот за генерален штрајк беше проследен со бројни пораки на солидарност.
На генералниот штрајк се приклучија Н1, Нова, Данас, Спорт Клуб, додека новинските агенции Бета и Фонет најавија дека ќе ја поддржат акцијата на студентите и различни групи активисти и работници со запирање на емитувањето на информативните сервиси и објавување вести на порталите и социјалните мрежи во периодот од 11:52 до 12:07 часот.
Запирање на работата најавија и бројни издавачки куќи и книжарници. Бројни ресторани и претприемачи исто така споделија на социјалните мрежи дека се приклучуваат на генералниот штрајк.
Во исто време – денеска – претседателот на државата Александар Вучиќ формира „народно движење“ . Тој и владејачката Српска напредна странка повикаа на голем митинг во Јагодина што треба да го одбележи формирањето на „народното движење за пристојна Србија“.
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење