Во Србија 93 новозаразени и четири смртни случаи, профункционираа рестораните
Србија досега има евидентирано 9.557 заразени лица со новиот коронавирус, 197 починати и 1.574 излекувани граѓани.
Од вирусот во изминатите 24 часа починаа четири лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 197 лица, со вкупна смртност од 2,06 отсто.
Во изминатите 24 часа, како што е објавено на интернет-страницата на Владата на Србијa тестирани се 4.550 лица, од кои позитивни на вирусот се 93 граѓани, што како и претходните денови процентуално е под пет отсто и говори за позитивен тренд на намалување на епидемијата.
Вкупно во Србија досега се тестирани 106.461 граѓанин од кои кај 9.557 е потврдено присуство на новиот коронавирус, а излекувани се 1.574 пациенти.
Во „ковид болниците“ и привремените центри хоспитализирани се 2.023 пациенти, од кои со влошена клиничка слика и на респиратор се 53 лица.
Српската Влада на денешната седница го усвои предлогот за укинување на вонредната состојба, кој ќе биде доставен до Собранието на усвојување.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа најави дека одредбата за укинување на вонредната состојба, Собранието ќе ја усвои на 6 мај, по што ќе се укине и полицијскиот час на 7 мај.
Епидемиологот Предраг Кон од владиниот кризен штаб најави дека со укинивање на вонредната состојба, нема да се укине и состојбата на епидемија во Србија, која подразбира и понатаму задржување на одредени превентивни мерки, како што се одржување на дистанца и можноста за избегнување на директни контакти, носење на заштитни маски и други мерки, што ќе бидат донесени по укинување на вонредната состојба.
Во Србија од денеска почнаа со работа рестораните и кафеаните, со предвидените заштитни мерки за дистанца на гостите и на вработените, профункционира и меѓуградскиот автобуски и железнички сообраќај, како и градскиот превоз во Нови Сад и Крагуевац, а во Белград и Ниш ќе профункционира на 8 мај.
Во Србија денеска е полициски час, кој почнува во 18 и ќе трае до утре во пет часот.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп