Во сообраќајна несреќа на две возила на патот Чашка-с.Голозинци повредени седум лица, од кои две деца
Во судар помеѓу две возила на патот Чашка –Голозинци кај село Голозинци повредени се седум лица од две возила, меѓу кои две деца.
Како што информира за МИА др. Василка Пановска Поп Стефанова началник на Итна помош пр ЈЗУ Здраvствен дом Велес, повредените била земeни со две возила на Брза помош и по укажаната помош итно биле префрлени во Хирушките амбуланти на ЈЗУ Општа болница во Велес. Оттаму информираат дека двете деца од кое едното во бесознание кое е со потешки повредите на главата, биле итно пренесени кон Хирушките клиники во Скопје.
Др Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница, за МИА наведе дека по укажаната помош во велешката болница две од децата на возраст помеѓу три и четири години, а од кои од едното било во бесознание и со тешките повреди на главата, итно биле се пренесени на понатамошно лекување во скопските клиники.
Таа појасни дека во Хирушкото одделение во велешката Општа болница се останатите пет повредени кои се со полесни повреди, меѓу кои уште едно дете и една трудница и тројца мажи.
-Извршени им се прегледи и рентген снимања и се утврдени полесни повреди, но оставени се на опсервација во болницата до утре сабајле информира др Неделковска Николова.
Ново на Сител
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка