-->
-->
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе
-->
На 26.01.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје - Средно Водно се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(60) и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(34), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Ј., а со телесни повреди се здобиле неговите сопатнички М.К.(34) и шестмесечно бебе, како и возачот С.Б. и неговите сопатници В.Ј.(29) и К.В.(30), сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета