Во сообраќајка кај Крива Паланка повредени три лица
Во сообраќајна незгода, што се случи утрово во Крива Паланка повредени се три лица, двајца возачи и еден сопатник.
Несреќата се случила утрово околу девет часот и четириесет и пет минути, на обиколницата кај Крива Паланка од магистралниот пат А2, на клучката кај центарот на градот.
– Утрово, 29 мај 2021 година, во 9 часот и 45 минути на заобиколен магистрален пат А-2, во близина на т.н. Карчов мост се случила сообраќајна незгода во која учествуваат две патнички моторни возила, Опел Корса и Опел Астра со кривопаланечки регистарски ознаки. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачите на двете возила и еден сопатник, а сообраќајот бил во прекин два часа, од 9:50 до 11:50 часот, информира Ивана Младеновска, портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.
На местото на несреќата увид извршила екипа на Управата за патнички сообраќај Подрачното одделение за безбедност во патниот сообраќај Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Поставени шест куќи засолништа за бездомни животни во Паркот на Франкофонијата
-
Трамп: Кина мора да ги снабдува САД со магнети или ќе се соочи со царини од 200 отсто
-
Приведен 18-годишник од Кичево, удрил во пешак кој подоцна починал
-
Поп Ацев е петтиот Македонец што го преплива Ла Манш
-
Сибиха: На Украина ѝ се потребни воени и дипломатски гаранции
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“