Во Собранието седница на Законодавно правната комисија
Во Собранието денеска 220. седница ќе ја одржи Законодавно правната комисија.
Членовите на Комисијата ќе дискутираат по Предлог на законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем кој ќе се склучи меѓу Француската агенција за развој и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, за заем на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за финансирање на зелени и општествено одговорни инвестиции и Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за одржливост и отпорност, и двата по скратена постапка.
На дневен ред на оваа седница е и Барањето за давање на автентично толкување на член 13 од Законот за пожарникарство -пречистен текст (Службен весник на РМ бр.168 од 21.11.2017 година), поднесено од градоначалникот на Општина Гевгелија.
Ново на Сител
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
