Во Собранието продолжува вториот дијалог од процесот „Жан Моне“
Во Собранието на Република Северна Македонија и денеска продолжува вториот дијалог од процесот „Жан Моне“, со кој копретседаваат европратеникот и известувач за нашата земја Иво Вајгл и европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.
За исходот од вториот дијалог во рамки на процесот, како што соопштија од собраниската прес-служба, ќе информираат на заеднича прес-конференција денеска претседателот на Собранието, Џафери и тројцата европратеници, копретседавачи на дијалогот – Вајгл, Кукан и Флекенштајн.
Претседателот на Парламентот, Талат Џафери вчера одржа средба со европратениците, пред отворањето на дијалогот.
Првата средба во рамки на дијалогот „Жан Моне“ претставниците на парламентарните партии во Собранието ја одржаа изминатата година во Охрид.
Ново на Сител
-
Пратениците денеска во надзор во Агенцијата за разузнавање
-
Дали дождот помогна во гаснење на пожарот во депонијата Дрисла?
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за депониите кои го трујат Скопје
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ