Во Собранието нов обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
Во Собранието денеска ќе има уште еден обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред има само една точка - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.
Завчера работата на оваа Комисија остана блокирана, иако претседателот на Собранието Африм Гаши за претседавач ја назначи пратеничката од владејачката коалиција „Вреди“ Имрлије Сали Фетаи откако во понеделникот пратеникот Бејџан Иљас одби да ја извршува оваа функција.
Во средата ниту на Фетаи не ѝ успеа да го стави на гласање дневниот ред на седницата откако пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ побара дополнување на дневниот ред со Законот за бранителите. По ова, Фетаи ја затвори седницата на неопределено време.
Фетаи ѝ одговори на Тренчевска дека претседателот Гаши ја назначил да претседава со Комисијата само за Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Пратеникот на „Европски фронт“, Елми Азири во изјава за медиумите истакна дека сите рокови се поминати за Законот за бранители уште кога со Комисијата за социјална политика претседаваше пратеничката Илире Даути од Алијансата за Албанците на Зијадин Села која е дел од „Европскиот фронт“.
Проблемот во Комисијата за социјална политика почна во ноември минатата година откако пратеничката од Алијансата за Албанците, Илире Даути одби да го стави на дневен ред Предлог-законот за бранители доколку не се стави законско решение и за припадниците на УЧК. Собранието на пленарна седница на 10 јануари со поддршка од 61 пратеник и 22 „против“ изгласа интерпелација на претседателката на собраниската Комисија за труд, социјална политика и млади Илире Даути. Интерпелацијата за Даути во ноември ја поднесе пратеничката група на „Левица“ поради тоа што Даути, како што беше посочено на пленарната седница, со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочела Законот за бранители поднесен од опозициската СДСМ со тоа што не го ставила на дневен ред на Комисијата со која претседава. Една недела подоцна Даути поднесе оставка од претседателската позиција во Комисија.
Во Собранието денеска е закажана и седница на Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред е Предлог на закон за изменување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување во прво читање.
Ново на Сител
-
Нејмар: Се чинеше дека моето враќање е блиску, но нема да можам да го носам дресот на Бразил
-
Хрватскиот премиер Пленковиќ опериран поради срцева аритмија
-
Норис најбрз на квалификациите за Големата награда на Австралија
-
Метеоролозите предупредуваат: Торнада и силни бури се закануваат на Југот на САД
-
Во Белград се очекува попладнево голем протест на студентите во блокада
-
Трамп: „Бев малку саркастичен“ за запирање на војната во Украина за 24 часа
-
Изгласана недоверба на членовите на Судскиот совет, но за заминување од функциите одлучуваат самите
-
Поради дефект без вода селата Батинци и Љубош