Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии - Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно правна комисија.
Членовите на Комисијата за социјална политика, демографија и млади ќе дискутираат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, и двата по скратена постапка.
На Законодавно правната комисија се три точки - Предлог на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, во второ читање.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
