Во Собранието ќе заседаваат пет комисии

Во Собранието денеска седница ќе одржат пет комисии - Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Комисијата за здравство, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правнавната комисија.
Пред членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите се Годишниот извештај за 2022 година и 2023 година за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 и Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024 и Годишниот извештај за 2024 година за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 и Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024.
На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог на закон за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка.
На Комисијата за финансирање и буџет се Ревидираната фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2026-2030 година - Второ читање, Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Република Северна Македонија-Транспорт АД Скопје, Предлог на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и Предлог на законот за изменување на Законот за платежни услуги и платни системи, сите по скратена постапка.
На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред е Предлог на Законот за изменување на Законот за административни службеници, по скратена постапка.
На дневен ред на Законодавно-правнавната комисија се Предлог на законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Република Северна Македонија-Транспорт АД Скопје, Предлог на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Предлог на законот за изменување на Законот за платежни услуги и платни системи и Предлог на Законот за изменување на Законот за административни службеници, сите по скратена постапка.
МИА
Ново на Сител
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
-

Доживотен затвор за братоубиство од користољубие во Кавадарци
-

Брнабиќ: Зад Србија останува неверојатно тешка година, се надевам дека 2026 година ќе биде понормална
-

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на пешак на кејот на Вардар
-

Горивата поскапуваат за половина денар
-

ДИК го усвои конечниот извештај за Локалните избори 2025, одлуки и за подготовка на повторените локални избори во четири општини
-

Мајка ја однела ќерката во „Пулс“, нејзиниот малолетен син се спасил бидејќи полицијата го избркала надвор
