Во Собранието ќе заседаваат две комисии, сесија на Комисијата за европски прашања

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за финансирање и буџет и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Исто така, собраниската Комисија за еврoпски прашања ќе одржи сесија на која ќе бидат презентирани клучните наоди од Годишните извештаи за 2025 година на Меѓународната заедница – Транспортна заедница.
Пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година, Годишната програма за работатa на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2026 година, Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2026 година и Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2026 година.
На дневен ред на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот се Годишниот извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2025 година, Годишниот извештај за работата на Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2024 година, Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2024 година, Годишниот извештај за работата на Комисија за паричен надомест на жртви од кривично дело со насилство во 2024 година.
Клубот за младински прашања и политики во Собранието ќе одржи средба со претставници на Вестминстер фондација за демократија.
МИА
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
