Во Собранието ќе се конституира Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде основана и промовирана Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата на Собранието на Република Македонија, во која ќе членуваат пратеници од постоечкиот собраниски состав од различни политички партии.
Иницијатори на оваа идеја се пратениците Маја Морачанин, Павле Богоевски, Бранко Маноиловски, Лилјана Поповска, Ирена Стефоска, Ивана Туфегџиќ, Јулијана Николова, Петар Атанасов, Никица Корубин, Соња Мираковска, Јагода Шахпаска, Александар Кирацовски и Славица Шуманска-Митева.
Покрај пратениците на средбата се поканети претставници на амбасадите и невладиниот сектор од оваа област.
На конститутивната средба поздравни обраќања ќе имаат пратениците Маја Морачанин, членка на групата, и Павле Богоевски, член на групата, по што ќе биде презентирана Процената на знаењата, ставовите, потребите и практиките на пратениците во Собранието на Република Македонија во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и заштитата од дискриминација од страна на Драгана Дрндаревска
Ново на Сител
-
Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер
-
„Покемон“ новитети: „Поке-бол“
-
Принцот Вилијам и принцезата Кејт ги предводеа кралските почести за тригодишнината од смртта на кралицата
-
Истражување: Загадениот воздух предизвикувач на тешки облици на деменција
-
Албански археолози открија гроб на римски големец близу македонската граница
-
Мартинез: Роналдо дава сѐ од себе, но нема долгорочни цели
-
Евробаскет 2025: Грција противник на Турција во полуфиналето
-
Станиќ: Примивме гол од невнимание