Во Собранието јавна расправа за спроведување на Законот за локална самоуправа
Собраниската Комисија за локална самоуправа денеска организира јавна расправа на тема „Спроведување на Законот за локална самоуправа во однос на работата на комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво (членови 41 и 55), на која е предвидено обраќање на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Во Собранието за денеска се најавени седници и на комисиите за надворешни работи, за труд и социјална политика и за образование, наука и спорт. Пред членовите на Комисијата за надворешни работи е Извештајот за спроведувањето на надворешната политика на ресорниот министер Никола Димитров, а пред Комисијата за труд Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се предлог-законите за изменување на Законот за основање Технолошко-технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, и на Законот за основање државен универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, двата по скратена постапка во второ читање, по предлог на две групи пратеници.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија