Во Собранието јавна расправа за состојбата со човековите права во казнено-поправните установи

Во Собранието на Република Северна Македонија седници денеска ќе одржат Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните и Законодавно-правната комисија.
Јавна расправа на тема „Состојбата со човековите права во казнено-поправните установи во РСМ“ денеска ќе одржи Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните.
Законодавно-правната комисија, пак, ќе одржи продолженија на две седници на кои на дневен ред се Предлог законите за основно образование и за наставниците и стручните соработници во основните училишта, како и измените и дополнувањата на Законот за заштита на пациенти, сите во прво читање. Меѓу точките се и измените и дополнувањата на Законот за возила и на Законот за земјоделско земјиште, двата во второ читање, како и измените и дополнувањата на Законот за основање на Агнеција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во прво читање.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
