Во Собранието амандманска расправа за законите за внатрешни работи и за полиција
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисиите за образовани, наука и спорт, за одбрана и безбедност, за евроинтеграции и Законодавно правната комисија.
На Комисијата за одбрана и безбедност пратениците ќе се одржи амандманска расправа за предлозите на законите за внатрешни работи и за измените и дополнувањата на Законот за полиција. За двата закони поднесени се повеќе амандмани.
На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог на закон за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво, по скратена постапка.
Измените и дополнувањата на законите за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај и на Законот за авторското право и сродните права, двата во прво читање, се на дневене ред на Комисијата за европски прашања.
Законодавно-правната комисија ќе го разгледа Предлог на закон за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво, по скратена постапка.
МИА
Ново на Сител
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа