Во соборниот храм Светите Кирил и Методиј во Тетово отслужена света архиерејска и божествена литургија

Во соборниот храм Светите Кирил и Методиј во Тетово денеска по повод црковниот празник „Светите три ерарси“, тројца владици на Македонската правослвна црква, митрополитот тетовско – гостиварски господин Јосиф, митрополитот европски господин Пимен и митрополитот кумановско - осоговски господин Јосиф отслужија света архиерејска и божествена литургија.
Христијанската црква на овој ден заедно го празнува споменот на трите светци Василиј Велики, Јован Златоуст и Григориј Богослов.
Во својата беседа пред верниците надлежниот митрополит тетовско гостиварски господин Јосиф посочи дека празникот е востановен во деветтиот век во Цариград од страна на епископот Јован бидејќи со тек на времето христијаните започнале да се делат мерејќи кој од тројцата светители е посвет од другите. За да го запре безумието Црквата го установила нивното заедничко и рамночесно празнување на овој ден иако секој од нив има и свој посебен празник.
- И токму овој настан и сето тоа што му претходеше имаше голема смисла и голема порака за нас денешните современи христијани како насекаде во светот така и овде за нас во Македонија. А пораката е дека разединетоста, несогласието, раздорите се само продукт на нашето несмирение и на нашето неправилно живеење како христијани. А гледаме од житието на овие тројца боговенчани мажи на бога дека на бога му е угодна сплотеноста, еднодушноста и едномислието во заедничкото дело ма спасението, рече митрополитот тетовско гостиварски господин Јосиф.
На денешната литургија во Тетово посветена на трите ерарси сослужуваа повеќе архимандрити, игумени и свештеници од неколку епархии и манастири на Македонската православна црква – охридска архиепископија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
