Во Словенија започна процесот на кандидирање за парламентарните избори
Во Словенија започна процесот за спроведување на парламентарни избори, распишани за 24 април од претседателот Борут Пахор. Веќе од денеска може официјално да се предлагаат кандидати за 90 пратеници во новиот состав на Парламентот.
Кандидатите за пратеници можат да бидат предложени и од политички партии и од самите гласачи. Последен рок за поднесување на кандидатските листи е 24 март, кога започнува и официјално предизборната кампања. Најдоцна до 9 март, организаторите на изборните кампањи мора да отворат посебни трансакциски сметки. Со нив, тие ќе ги подмируваат сите трошоци за предизборни активности.
Пахор минатата недела официјално ги закажа парламентарните избори за 24 април, деветти по ред откако Словенија е самостојна држава.
Тогаш, претседателот изјави дека раното одржување на изборите, дава можност новата Влада да се формира пред летните одмори, па мандатот за нејзино составување ќе го даде на кандидатот, кој ќе има потписи за поддршка од најмалку 46 од 90 нови пратеници – апсолутно мнозинство.
Пахор смета дека на изборите ќе излезат што повеќе гласачи, дека изборниот процес ќе се одвива во безбедни услови, без разлика на епидемиолошката состојба во тој момент во Словенија.
Ново на Сител
-
Над 150 собраќајни несреќи само за продолжениот викенд
-
Заврши амандманската расправа за буџетот
-
Сексуално образование ќе биде дел од темите кои ќе се изучуваат по биологија и граѓанско
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски го пречека Kурти во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Младите остануваат во нашиот фокус
-
Хеликоптери го гасат пожарот во охридско
-
Левица поднесе измени за Законот за шуми