Во Словенија за една година се одложува плаќањето на кредите на компаниите
Словенечката Влада подготви предлог закон кој предвидува одложување на плаќањето на кредитите за компаниите.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, одложувањето е договорено во соработка за банките и ќе трае 12 месеци. Оваа уредба како една од повеќето кои се однесуваат на ублажување на поседиците од коронавирусот ќе можат да ја користат компаниите од сите сектори, а засега нема да важи за физичките лица, односно граѓаните.
Друга мерка која ја донесе Националниот комитет за труд при Собранието е уредбата која предвидува компаниите кои поради епидемијата со коронавирусот, нема да можат да обезбедат плата и работа за најмалку 30 отсто од вработени и ќе добијат пари за да не им се уништи бизнисот, а да можат да исплатат плата.
Обврската на работодавците е на вработените да им дадат 80 отсто од висината на просечната плата во последните три месеци, а државата ќе покрие 40 отсто од оваа сум, а работодавецот 60 отсто.
Оваа одлука важи за самовработените, кој во Словенија се многу.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?