Во Словенија регистрирани шест случаи на мајмунски сипаници
Во Словенија досега се потврдени шест случаи на зараза со мајмунски сипаници и сите пациенти имаат благи симптоми.
Националниот институт за јавно здравје издаде упатства за однесување и третман на пациентите кои се на домашна нега.
На пациентите им се препорачува да останат дома и да се изолираат од другите луѓе, да внимаваат при одржувањето на личната хигиена и хигиената на алиштата, како и да ги информираат сите со кои биле во контакт за болеста, пренесува СТА.
Симптомите обично исчезнуваат по две до четири недели и генерално не се фатални.
Исто така, се наведува дека ризикот од зараза за општата популација е низок.
Првиот случај на мајмунски сипаници во Словенија беше регистриран на 24 мај кај маж кој допатувал од Канарските острови.
Светската здравствена организација (СЗО) досега потврди 780 случаи на мајмунски сипаници во 27 земји, а се верува дека оваа бројка ќе се зголеми.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
