Во Словенија регистрирани 29 нови случаи на коронавирус
Во Словенија последните 24 часа се регистрирани нови 29 случаи на зараза со коронавирусот, што е за пет случаи повеќе од претходниот ден, а забележан е уште еден смртен случај, објави во средата словенечката влада.
Извршени биле 1.150 тестирања и потврдени 29 новозаразени, додека пртходниот ден биле тестирани 914 лица и откриени 24 случаи на заразата.
Вкупниот број зарази од почетокот на епидемијата во Словенија се искачи на 2.006, од кои во моментов се активни 243 случаи. Со новиот смртен сличај, четврти по ред последните денови, бројот на починатите се зголеми на 115, потврди министерството за здравство.
Во болниците од Covid-19 во моментов се лекуваат 115 лица, од кои две се на одделите за интензивна нега.
Како што пренесуваат словенечките медиуми, новото жариште на коронавирусот се појавило овие денови во Канал на Соча, на западот од земјата, каде што заболеле вработена во локалната детска градинка, па сега повече од дваесет деца и вработени се во карантин.
Ново на Сител
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско
-
Сообраќајка во Кочани - тешко повредено едно лице
-
Земјотрес од 5,3 степени го погоди западот на Турција
-
Песков: Путин е подготвен да се сретне со Трамп во Москва
-
НАТО го засилува присуството на Балтикот откако во Данска се видени дронови
-
Лишени од слобода двајца Скопјани, при претрес пронајдена марихуана