Балкан
4. January 2017 - 18:25

Во Словенија потврден случај на птичји грип

Во местото Прагерско на североисток во Словенија потврден е прв случај на птичји грип во државата. Тоа денеска го соопшти словенечкото Министерство за земјоделие.

Во него се наведува дека со птичји грип биле заразени лебеди кои угинале и извадени се од локалното езеро близу Прагерско, на 25 км од Марибор. Тоа е прв случај на птичји грип по повеќе години во Словенија.