Во Словенија потврден првиот случај на Омикрон варијантата на коронавирус
Во Словенија е потврден првиот случај на Омикрон варијантата на коронавирус, а трендот на смирување на епидемијата е забавен минатата недела.
- „Секвенционирањето го откри првото лице заразено со Омикрон, варијанта на вирусот што се шири побрзо и е веќе присутен во многу земји од ЕУ, потврди денеска премиерот Јанез Јанша за време на говорот во Парламентот пред редовната седница.
Во Словенија продолжува трендот на ублажување на епидемиолошката состојба во четвртиот бран на епидемијата, но министерот за здравство Јанез Поклукар предупредува дека минатонеделните резултати покажуваат дека трендот донекаде е забавен и затоа не треба да се очекува олабавување на пандемиските мерки на краток рок.
Во последните 24 часа во земјата се потврдени 1.712 новозаразени лица, соопшти Националниот институт за јавно здравје.
Ново на Сител
-
Најавените врнежи добредојдени за земјоделството
-
Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија шампионската титула
-
Гостивар се повлекува од ПМФЛ
-
Сабаленка го освои турнирот во Мадрид
-
Норис победи на спринтот на Големата награда на Мајами
-
Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев
-
Сончево и топло, до 30 степени
-
Политичарите уживаат во мешана скара | Цветанка Арсоска и Весна Анчевска | Sitel Podcast 093