Во Словенија поради мерките против Ковид-19, брак само во „итни и неопходни“ случаи
Поради новите ограничувачки мерки во Словенија, паровите не можат да стапат во брак се додека не се смири епидемијата, освен во „итни и неопходни“ случаи, а министер во владата на Јанез Јанша ја наведе бременоста како оправдана причина за итна венчавка.
Во исклучителни случаи, за време на пандемијата, паровите можат да стапат во брак со примена на епидемиолошки мерки и присуство на матичар и најмногу две други лица, како и со дозвола на надлежниот министер.
Според податоците на државниот завод за статистика во Словенија, скоро половина од децата родени во една година се родени вонбрачни.
Во повеќето случаи, невенчаните парови со дете се формално обврзани со граѓанска или црковна церемонија подоцна, понекогаш кога веќе имаат повеќе деца.
Единствената земја во Европа што има повеќе деца родени вонбрачно е Франција со 60 проценти.
Ново на Сител
-
М. Брод останува една од најеколошките општини - повторно целосно возобновена пречистителната станица
-
Доцнат дрвата за огрев за штипските пензионери
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила