Во Словенија од понеделник на сите гранични премини ќе се издаваат решенија за задолжителен карантин
Од понеделник, Словенија ќе издава решенија за задолжителна карантин на оние што доаѓаат од „црвените“ зони на сите гранични премини со Хрватска, потврди денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.
Станува збор за словенечки државјани или странци кои живеат во Словенија кои живееле во земји на „црвената листа“, со висок ризик поради епидемијата, како што се Србија, БиХ, Северна Македонија, Косово и Црна Гора, а транзитираат низ Хрватска.
До денеска, одредбите за задолжителна карантин им беа издавани на само на четири премини.
– Одредбите за карантин ќе ги предаде граничната полиција, откако ќе бидат автоматски, во електронска форма, издадени од Министерството за здравство, а постапката ќе трае од 5 до 7 минути, рече Хојс.
Изминатите три дена Словенија има регистрирано 19 нови случаи на заразени дневно, а владиниот портпарол Јелко Кацин денеса рече дека сите нови случаи биле од веќе познати жаришта, дека инфекцијата е потврдена со тестирање додека биле во изолација.
Ново на Сител
-
30 години партнерство: Македонија и САД ја зацврстија успешната соработка
-
Ле Риголер: Процесот на Европското приближување е процес на спроведување на реформи и трансформација
-
Минчев: Крај за партиските вработувања во Администрација, ќе се намалува за 40%
-
СДСМ: Пожарникарите кои беа ангажирани за пожарите се оставени без плата
-
Опрема современа има но нема медициски кадар
-
Годинава џиновската пастрмајлија со рекордна големина
-
Во Прилеп одбележани 83 години од Дабничкиот масакр
-
Преглед на вестите од светот