-->
-->
Во Словенија не е евидентиран ниту еден случај на сезонски грип
-->
Оваа сезона во Словенија не се пријавени случаи на сезонски грип, иако болеста во голема мерка беше присутна во исто време минатата година. Експертите предупредуваат дека отсуството на потврдени случаи може да биде резултат на намалени контроли поради сегашната пандемија на коронавирус, пренесува СТА.
Се посочува дека Националниот институт за јавно здравје не забележал ниту еден случај на грип до 27 декември, но и дека бројот на тестови за грип и други респираторни заболувања значително опаднал во споредба со истиот период минатата година.
Бројот на други вирусни инфекции исто така е намален, а состојбата е слична во повеќето европски земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца