Во Скопје вчера осум сообраќајки, повреден еден пешак

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.
Од нив, седум се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден пешак.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Подрачното ОУ „Рајко Жинзифов“ кое се наоѓа во населеното место Пинтија на подрачјето на општина Кисела Вода, а во рамките на превентивата по сообраќајна култура на предучилишните установи ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „Кочо Рацин“ на подрачјето на општина Центар.
Денеска со почеток во 21 часот во СЦ „Борис Трајковски“ естрадниот уметник Тамара Додевска ќе одржи концерт, а во недела со почеток во 18 часот и 30 минути во истиот центар во рамките на Лигата на шампионите ќе се одржи меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Металург и Скјерн, Данска. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот. Од сообраќајната полиција апелираат граѓаните кои ќе дојдат на концертот и на ракометниот натпревар да ги почитуваат знаците и наредбите коишто ќе им бидат давани од страна на сообраќајни полициски службеници.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
