Во Скопје вчера 14 сообраќајки, тешко повредени три лица

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле 14 сообраќајни незгоди. Во осум сообраќајки полесно се повредени 10 лица, во две тешки телесни повреди добиле еден возач на мотоцикл, еден велосипедист и еден сопатник. Во четири сообраќајки причинета е материјална штета.
Сообраќајната полиција вчера санкционирала 28 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи кои не отстапиле првенство на минување на возачите возона на крстосница, пет возачи поминале на црвено светло на семафорот, тројца возачи кои не ги почитувале правилата за престигнување, двајца возач кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 20 возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, 10 возачи кои на велосипеди сториле прекршоци по разни основи и 44 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, како што информира СВР Скопје, отстранети се 60 возила.
Во рамките на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „Мајски Цвет“ објект „Тафталиџе 1“ кој се наоѓаат на подрачјето на општина Карпош, притоа ќе бидат реализирани едукативни работилници со децата од средна и голема група.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
