Македонија
17. May 2018 - 9:41

Во Скопје вчера 13 сообраќајки, еден тешко повреден

Едно лице се здобило со тешки телесни повредени, а десет се полесно повредени во десет од 13 сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. Во две сообраќајки причинета е материјална штета. 

Сообраќајната полиција санкционирала 63 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 31 возач од кои 12 под дејство на алкохол, 17 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца возачи почетници. 

Од сообраќај се исклучени 18 нерегистрирани возила, две неисправни возила, 114 автомобили биле непрописно паркирани, а 74 возила биле подигнати со „пајак“. 

Еден пешак поминал коловоз надвор од пешачки премин, а седум возачи поминале на крстосница на црвено светло. Двајца возачи не дале првенство на минување на пешаци и исто толку возачи неправилно се престроиле. Четворица возачи не користеле заштитен шлем со мотор, мопед и мотоцикл. 

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Детска радост“, објекти „Мимоза и Калинка“ во општина Гази Баба, со децата од средна и голема група.