Во Скопје уапсени десет лица, меѓу нив и малолетник

Денеска (08.12.2024) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода З.П.(33) и С.П.(37), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
Во 00.25 часот во Скопје, во спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода С.К.(26) од Штип, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и жолта прашкаста материја.
Во 01.35 часот во Скопје, во спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода П.М.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Во 01.20 часот во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во 02.00 часот во Скопје на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Д.(37) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.
Во 02.40 часот во Скопје во угостителски објект на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ѓ.(34) од виничко, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
На 07.12.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Истиот ден во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Ј.(41) и И.М.(36), двајцата од Куманово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Утринските температури од 0 до 7 степени, преку ден до 17
-

ЕК: Засега нема индикации за мигрантски бранови поради војната во Иран
-

Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на воените овластувања на Трамп
-

Премиерот Мицкоски во Штип, АКТИВА ги проширува капацитетите
-

Ново рочиште за пожарот во „Пулс“, продолжува сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителство
-

Претежно облачно со слаб локален дожд
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
