-->
-->
Во Скопје се враќа бесплатниот превоз за пензионери во вторник, петок, сабота и недела
-->

Пензионерите во Скопје повторно ќе имаат бесплатен автобуски превоз во вторник, петок, сабота и недела. Оваа одлука треба да стапи на сила наредниот месец, а за таа цел од буџетот на Град Скопје ќе се дадат 650.000 евра субвенции на ЈСП „Скопје“, пишува сдк.мк
Бесплатниот автобуски превоз за пензионерите беше укинат лани во март поради пандемијата на ковид-19.
Оваа одлука за субвенционирање на претпријатието за да се воведе бесплатниот превоз треба да се гласа на седницата на Советот на Град Скопје в среда. Со одлуката се предлага бесплатен превоз преку цела недела како и до сега да продолжи да важи за редовни студенти на додипломски студии на државните универзитети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
