Во Скопје се одржа трка со специјален протокол
Во Скопје денеска првпат се одржа трката ХалкЕко Хронометар 10KM. Трката се одржа на кејот на реката Вардар. Учесниците стартуваа од стартната позиција под мостот „Гоце Делчев“ и трчаа до вливот на реката Лепенец во Вардар, каде што завртеа полукружно и се вратија назад до местото од каде што почна трката.
-Денеска покажавме и ние како организатори и тркачите како учесници, дека и во вакви услови на пандемија, кога се преземени сите мерки и протоколи во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, можеме да функционираме. Голема благодарност до сите учесници, сите партнери кои беа со нас, изјави Кире Синадиновски, директор на трката.
Трката ХалкЕко Хронометар 10KM беше спроведена со специјален протокол, претходно одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Главниот координативен кризен штаб.
Ново на Сител
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование