Во Скопје се одржа „Ролер трка 2016“
Под мотото „Возиме кон иднината“ денеска по петти пат се одржа „Ролер трката 2016“ во организација на Град Скопје и Детскиот културен центар-Карпош.
На манифестацијата учествува основните училишта од градот и од околината со по 15 момчиња и 15 девојчиња, на возраст од петто до девето одделение.
Се возеше од пред фонтаната Лотос цвет, по булеварот „Илинден“ до клучката на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“ и назад до стартот.
„Ролер трката 2016“ почне со женската трка на која првото место го освои Наталија Ниноска од ОУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“, втора беше Ивана Антевска од ОУ „Гоце Делчев“, а трето место го освои Анџелика Јандриоска од ОУ „Димитар Беровски“.
На машката трка победи Алек Митев од ОУ „Кузман Шапкарев“, второто место го освои Никола Митровиќ од ОУ„Јохан Хајнрих-Песталоци“, а трет беше Никола Новаковиќ од ОУ „Јохан Хајнрих -Песталоци“.
Целта на трката е развивање на спортскиот дух кај најмладите и создавање навики за спортување.
Ново на Сител
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење
-
25 години ДЗР
-
Абази со отчет за работата на Обвинителството за гонење на криминал и корупција
-
Мицкоски: Со реформи до поефикасна Администрација
-
Се готви новогодишната потрошувачка кошничка