Во Скопје санкционирани 160 возачи, 31 за брзо возење
Вкупно 160 мерки, меѓу кои 31 за возење повеќе од дозволената брзина, 10 за возење без возачка дозвола и 13 за возење под дејство на алкохол се изречени во тркот на вчерашната засилена акциска контрола во областа на сообраќајот што ја спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на град Скопје.
Како што информира МВР, изречени се и пет мерки за користење на мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 54 за непрописно паркирање,…
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
23-годишен маж со тврд предмет нападнал двајца роднини на неговат сопруга со која е во бракоразводна постапка
-
Три лица се тепале на паркинг во Ѓорче Петров
-
Едно лице со употреба на сила го одзело накитот на 37-годишна жена на Бит Пазар
-
Јавниот превоз во Скопје за продлжениот празничен викенд по неделен возен ред
-
МОН и универзитетите работат на три нови закони за да се задржат студентите во земјава
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“
-
Поранешниот директор на Онкологија, Никола Васев, не се чувствува виновен за несовесно лекување на пациенти
-
Украина започна постапка за забрана на Украинската православна црква поради врски со Москва