Во Скопје осум сообраќајки, пешак тешко повреден

Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а пет лица со лесни телесни повреди во пет од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.
Од сообраќај, според податоците на Министерството за внатрешни работи, полицијата исклучила 40 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 14 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и еден почетник.
Казнети се и пет возачи за технички неисправни возила, 13 за нерегистрирани, 113 за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 71 возило.
Полицијата евидентирала и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престигнување, 21 за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило, како и 27 за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Ново на Сител
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
