Во Скопје ќе светне новогодишната елка – почнува „Винтерленд 2019“

Новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ ќе светне вечер во 19:30 часот, а ќе почне со работа и новогодишниот базар „Винтерленд 2020“. Со тоа, во Скопје официјално почнува празнувањето во пресрет на највеселиот ден во годината, а граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во разновидна забавна програма.
Како што соопшти Град Скопје, новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена – од отворањето на базарот до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година. Во близина на куќичките ќе биде сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани што ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.
Во работните денови секој ден ќе има два часа детска програма, која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има три часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма, која ќе почне точно напладне.
Град Скопје ги поканува граѓаните вечер да дојдат на плоштадот „Македонија“, од 17:30 часот да ја проследат детската новогодишна програма, а потоа во 19:30 часот да присуствуваат на осветлувањето на новогодишната елка. Сите заедно да уживаме во културно-забавните содржини што ќе ги збогатат деновите до најлудата ноќ, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
-

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум поради загриженост од операции на САД
-

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија
-

Трамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
